Еурофарм Работник тргна победнички – „фармацевтите“ славеа над шведскиот вицепрвак Гуиф

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник го одигра првиот пријателски натпревар во претсезоната.

Момците на Стевче Алушовски го совладаа составот на Ескилстуна Гуиф со 35-31 на дуелот одигран во Маврово и победнички го очекуваат настапот на Струшкиот турнир.

Таму во групата „фармацевтите“ ќе играат против српскиот Пролетер и домаќинот Струга, а в сабота ќе одиграат и натпревар за пласман.

По Струга, Еурофарм Работник ќе биде дел и од турнирот во Добој.