Еурофарм Работник со четири од четири, Струга падна во Битола

Ракометарите на Еурофарм Работник продолжија со победите во Суперлигата. Во салата „Боро Чурлевски“ падна тимот на Струга, кој беше совладан 34-16. Во првиот дел гостинските ракометари играа храбро против фаворизираниот противник и водеа неколку пати со по два гола разлика.

Сепак не издржаа во темпото што сами го наметнаа и на пауза заминаа со пристојна негатива, 15-12. Во вториот дел сепак комплетно падна играта на стружани и „фармацевтите“ го искористија тоа. Постигнаа дури 21 гол и без поголеми проблеми го приведоа мечот до самиот крај за конечни 34-16.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со осум погодоци и Милан Ѓукиќ со пет, додека кај Стружани се истакна левото крило Цветан Кузманоски со шест голови, а пет постигна левиот бек Лексо Цителишвили.

Е. РАБОТНИК – СТРУГА                34:16 (15:12)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 1300. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски во Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Е. РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Ивановиќ 3, Ојлески 4, Марковски 2, Пецаковски 1, Талевски 3, Чурлевски, Мемиќ 1, Кузмановски 8, Кукоски 4, Крстевски 1, Граџан 1, Ѓукиќ 5, Кузманоски, Петровски 1.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

СТРУГА: Стојаноски, Кизиќ, Кузмановски 6, Крстаноски, Петровски, Нацев, Тренчевски, Цителишвили 5, Јанкуловски, Трпчевски 2, Костески, Барлакоски, Бајрамоски 2, Меме, Костоски, Дикаминџија 1.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 2 мин.