Еурофарм Работник по историја во Швајцарија

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во 20:00 часот ќе патува за Цирих, каде в недела ќе го одиграат возвратниот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот против Берн Мури.

По победата од 29-19 на домашен терен македонскиот претставник се наоѓа на 60 минути до исполнување на целта – пласман во групната фаза на ЕХФ Купот.

Со авионски лет за Цирих, делегацијата на Еурофарм Работник вечерва ќе пристигне во Швајцарија, а потоа со автобус ќе оди до Берн.

Утре од 13:00 часот екипата ќе тренира, а натпреварот се игра в недела од исто време. Доколку успешно ја заврши задачата, Еурофарм Работник на 29 ноември ќе ги чека противниците за групната фаза која почнува на 9/10 февруари 2019 година.