Еурофарм Работник немаше вистински рецепт за победа во Радовиш

Ракометарите на Еурофарм Работник, иако засилени со Лазо Мајнов, сепак одиграа само нерешено 34:34, на гостувањето кај составот на Радовиш, во натпревар од 7 коло во Супер лигата. Во текот на мечот гостите имаа и шест голови предност, но ниту не беше доволно да се вратат со победа во Битола.

Во првиот дел најчесто се играш гол за гол, а ретко едно од екипите поведуваше со два гола разлика. На пауза предноста ја имаше Еурофарм Рабоник, 17:16. Сепак првиот дел не го одбележаа головите, туку сините картони за Ашли од гостинскиот тим и за Левов од Радовиш. Мароканецот стартуваше над Левов, а откако домашните ја завршија акцијата со гол, десниот бек му се нафрли на пикерот на Еурофарм. Настана голема мешаница, тие двајца добија сини картони и не играа до крајот, а мечот продолжи по паузата.

Еурофарм во вториот дел се одлепи на плус шест, 27:21, но ниту не ги поколеба борбените домаќини. При 33:29 за гостите, кои во меѓувреме останаа без Мите Караиванов поради три исклучувања, домашните направија серија од 4 голови, за 33:33 со кои се влезе во последната минута. Белоруското десно крило Капал погоди за водство на битолчани со 34:33, но домашните се спасија од пораз со голот на Александар Долдуров во финишот за конечни 34:34, во навистина чудниот меч.

Португалецот Барош постигна 14 голови за Еурофарм, а Капал даде 8, додека кај домашните се истакнаа Милоасављевиќ со 9 голови и Борче Соколов со 6, додека Стефан Чизмовиќ даде 5.