Еурофарм Работник може да го направи овој викенд победнички за Македонија

Откако вчера ракометарите на Вардар одработија неверојатен натпревар и успеаја да стигнат до победа против Монпелје на гостински терен денеска се очекува истото да го направи и тимот на Еурофарм Работник за да може викендот да биде уште поубав.

Битолчани ќе дебитираат во оа натпреварување така што се очекува да се покажат во најдобро светло и да успеат да тргнат во сезоната со уште еден добар резултат како што беше случај со натпреварот во СЕХА лигата.

Денеска ќе се игра и дербито на 1. коло, а во него актери ќе бидат ракометарите на Кил и на Келце. Ова ќе биде уште еден интересен ден во 1. коло од Лигата на шампионите така што дефинитивно новата сезона носи големи возбудувања.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ)

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ГРУПА А

ПИК СЕГЕД – БАРСЕЛОНА      31:28

Македа 7, Радивојевиќ 6, Бахиди 5 – Фабрегас 8, Арињо 5, Мем 5

ППД ЗАГРЕБ – ПСЖ         29:37

Хорват 6, Бичаниќ 6, Мандиќ 4 – Ду Риц 7, Сагосен 6, Конко 5

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ФЛЕНЗБУРГ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – АЛБОРГ

ГРУПА Б

МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР    31:33

Порт 7, Дескат 5, Симонет 5 – Скубе 7, Дибиров 6, Шишкарев5

ПОРТО – МЕШКОВ БРЕСТ       27:25

Бранкињо 8, Амадор 4, Магаљаеш 4 – Ѓукиќ 9, Паниќ 4, Шумак 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ВЕСПРЕМ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

19:00ч

КИЛ – КЕЛЦЕ

ГРУПА Ц

КОКС – САВЕХОФ 25:30

Лукјанчук 6, Сејменов 6, Ронберг 4 – Богојевиќ 8, Салихи 5, Карлсон 4

ТАТРАН ПРЕШОВ – БИДАСОА ИРУН           23:25

Грзентиќ 5, Муњоз 4, Рабек 4 – Одриозола 6, Каверо 3, Салинас 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПОРТИНГ

ГРУПА Д

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ДИНАМО Б.        28:28

Марош 6, Шешум 6, Чазар 4 – Банур 5, Кудуз 5, Алуини 4

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ВИСЛА ПЛОЦК    25:23

Кисељев 6, Санталов 6, Андреев 2 – Матулиќ 5, Шита 4, Млакар 3

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

КРИСТИЈАНШТАД – ГОГ