Еурофарм Работник и Прилеп се „тестираа“ во Битола

Ракометарите на Еурофарм Работник забележаа очекувана победа против тимот на Прилеп со 37:29 (20:16) во контролен натпревар во спортската сала „Младост“. Во првото појавување на екипата на Андон Бошковски пред битолската публика во новата сезона, тестот беше успешен.

Чампар и Ковачевиќ првпат настапија пред битолската публика, која имаше можност да ги види и новајлиитево тимот на Прилеп, Шајин, Вешоски и Јовановски. Битолчани водеа од самиот почеток и не дозволија да бидат изненадени. Следните контролни натпревари за Еурофарм Работник ќе се играат исто така во Битола, каде ќе гостува Железничар од Ниш. Натпревари ќе се играат в петок од 18 часот и в сабота од 11 часот.