Еурофарм Работник дебитира во СЕХА против Спартак, во првите шест меча, петпати игра дома

Ракометарите на Еурофарм Работник сезонава ќе дебитираат во натпреварите од СЕХА-лигата, а својот прв меч битолчани ќе го имаат на домашен терен против уште еден дебитант, Спартак Москва.

Распоредот за натпревари на битолчани е доста интересен бидејќи покрај дебито кое ќе го имаат на 4 септември тие ќе имаат можност да ги одиграат петте средби на домашен терен во првите шест пресметки по што ќе им останат четири гостувања од кои едно во ноември и три во 12 дена во декември.

Еурофарм Работник во групата ги има шампионите на Хрватска, Унгарија и Белорусија, ППД Загреб, Вепрем и Мешков Брест, а покрај Спартак Москва тука е и составот на Металопластика.

Својот последен натпревар во групната фаза го има исто како и Вардар на 15 декември. Сезоната во СЕХА за Еурофарм Работник почнува со Спартак Москва, но и завршува со натпревар против овој тим.

ГРУПА Б

1.КОЛО (4 септември)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПАРТАК МОСКВА

2.КОЛО (22 септември)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – МЕТАЛОПЛАСТИКА

3.КОЛО (8 октомври)

МЕШКОВ БРЕСТ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

4.КОЛО (2 октомври)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВЕСПРЕМ

5.КОЛО (5 октомври)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ППД ЗАГРЕБ

6.КОЛО (15 декември)

СПАРТАК МОСКВА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

7.КОЛО (12 ноември)

МЕТАЛОПЛАСТИКА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

8.КОЛО (5 ноември)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – МЕШКОВ БРЕСТ

9.КОЛО (11 декември)

ВЕСПРЕМ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

10.КОЛО (3 декември)

ППД ЗАГРЕБ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК