Еурофарм Работник го загуби Ратајец за првата полусезона

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник во есенскиот дел од претстојната сезона нема да може да смета на услугите на словенечкиот бек Анже Ратајец.

Тој има проблеми со повреда на коленото и мора да ја санира со операција. Повредата датира од поодамна и му создаваше потешкотии да одигра на високо ниво во Струга.

Стратегот на Еурофарм, Стевче Алушовски, има доволно опции на плејмејкерската позиција. Тука се Јотиќ, Кузманоски и Чурлевски.

Од денеска „фармацевтите“ ќе настапуваат на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.