Еурофарм Работник во Маврово ја темпира формата за новата сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник од овој петок се наоѓа во Маврово каде ќе ја одработи првата фаза од подготовките за наредната сезона. Амбициозната екипа, Битола ја замени за свежината и условите кои ги нуди спортскиот комплекс „Бистра“ за да ја започне новата епизода во својата суперлигашка историја.

Тренерот Андон Бошковски на располагање ги има клучните ракометари од минатата сезона, но овојпат посилни за репрезентативецот Гоце Ојлески, хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ, како и црногорскиот пивот Марко Чавор.

Се тренира двапати дневно во спортската сала, финтес центарот и фудбалското игралиште. Во првата фаза, стручниот штаб ќе ја темпира формата на екипата, а потоа следува период на контролни натпревари во кои треба да се избрусат техничките детали, за составот на Еурофарм Работник да го добие посакуваниот изглед.

Како што потенцира кормиларот на Еурофарм Работник, Андон Бошковски подготовките течат според предвидениот план, а ракометарите ги извршуваат своите обрвски.

Во наредната недела нашата база ќе биде Маврово. Драго ми е што сме тука бидејќи Маврово нуди одлични услови за реализација на нашите планови. До сега подготовките течат според предвидениот план и задоволен сум од залагањето на ракометарите. Голема благодарност до менаџментот на Еурофарм Работник кој ни овозможи идеални услови да се подготвиме за следната сезона. До крајот на оваа недела ќе ги знаеме и противниците со кои ќе одиграме контролни натпревари пред почетокот на новата сезона.-истакна Бошковски.

Во планот на стручниот штаб се предвидени неколку силни пријателски натпревари против странски екипи. Еурофарм Работник оваа сезона за прв пат ќе ги искуси европските натпреварувања со настапот во Челинџ Купот.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”random” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”192″]