Еставана Полман и Есбјерг гостуваат во Скопје

Кратко после гостувањето на данскиот Копенхаген во Скопје, уште еден претставник на данската супер лига ќе заигра на паркетот во спортскиот центар Јане Сандански. Од денеска па до 29 март данскиот суперлигаш Есбјерг ќе биде гостин на ЖРК Вардар. Двете екипи ќе одржат заеднички тренинзи и спаринг натпревари од кои натпреварот кој ќе се игра во сабота во 18h ќе биде отворен за јавноста.

Во данскиот тим играат и неколку квалитетни ракометарки, Еставана Полман, Емили Сандо, Ида Карлсон, Лоте Григел и Јохана Алм. И за двете екипи ова ќе биде одлична можност за подигање на формата, ЖРК Вардар ќе се фокусира на Ѓер за четвртфиналниот натпревар додека Есбјерг за противниците во домашната лига.

Фото: Niels Husted