„Ер Русија“ до голем јубилеј: Тимур Дибиров постигна 800 голови во ЛШ! (ФОТО)

Едно од најдобрите леви крила во светскиот ракомет – Тимур Дибиров, стигна до голем јубилеј во елитното натпреварување.

Тој на дуелот со Загреб во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите, стигна до 806 погодоци!

Дибиров сите овие погодоци ги постигна во дресот на Чеховски Медведи и Вардар, а доколку продолжи во ист ритам, не е далеку ниту од 1.000 погодоци.