ЕРД го освои третото место во Унгарија

Ракометарките на ЕРД во битката за третото место во Унгарското национално првенство го совладаа Дунајварош на двата натпревари. На првиот натпревар составот на ЕРД славеше со високи 26:18 (12:7) , а во вториот натпревар триумфираше минимално со 26:27 (10:13). Екипата на Дунајварош заврши на четвртата позиција. Поранешните ракометарки на ЖРК Вардар односно ЖРК Металург, Екатерина Костјукова и Катарина Крпеж имаа голема улога во успесите на ЕРД.

Утре Унгарија ќе го добие ракометниот шампион во женска конкуренција. Во одлучувачкиот натпревар за титулата силите ќе ги одмерат двата најдобри клубови, Ѓер и ФТЦ – Будимпешта. На првиот натпревар тимот од Будимпешта го совлада Ѓер со еден разлика, 36:37 (16:12).

Фото:handballerd.hu