ЕП ракомет нa плажа: Македонките поразени од Турција

Женската ракометна репрезентација на Македонија, загуби и од Турција во разигрувањето за пласман од 13 до 20 место на Европското првенство во ракомет на плажа.

Избраничките на Сашо Србиноски беа поразени во два сета. Првиот го добија Турчинките со 12-15, додека во вториот беа поуебдливи, 8-18.

Во македонскиот состав најефикасна беше Симона Гроздановска со осум поени. По овој пораз, Македонија ја чекаат уште два меча во разигрувањето за пласман од 17 до 20 место во текот на утрешниот ден.