ЕП ракомет на плажа: Украинска лекција за ракометарите

Слично како и женската репрезентација на Македонија, така и машката имаше неславна премиера на Европското првенство во ракомет на плажа што се одржува во полското гратче Старе Јаблонки.

Селекцијата предводена од Сашо Србиноски, во која има неколку суперлигашки играчи загуби од Украина со 2-0 во сетови.

Во првиот сет беше 16-5, додека во вториот разликата беше скоро иста, сто тоа што ние освоивме повеќе поени.

Најефикасен поединец беше Мартин Ивановски со четири голови, односно осум поени. Следен натпревар ракометарите ќе одиграат денеска против Италија во 17:15 часот.

ЕП ракомет на плажа, група Ц:

1 коло
Хрватска – Швајцарија 2-0 (22-15, 18-14)
Украина – Италија 2-0 (17-12, 23-22)

2 коло
Италија – Хрватска
Украина – Македонија 2-0 (16-5, 24-12)

3 коло
Италија – Македонија, 2 јули, 17:15 часот
Швајцарија – Украина, 2 јули, 17:15 часот

4 коло
Швајцарија – Италија, 3 јули, 11:45 часот
Македонија – Хрватска, 3 јули, 11:45 часот

5 коло
Македонија – Швајцарија, 3 јули, 14:45 часот
Хрватска – Украина, 3 јули, 14:45 часот