ЕП ракомет на плажа: Ракометарите загубија од првиот фаворит за златото

Машката репрезентација на Македонија, загуби и на третиот натпревар од групната фаза на Европското првенство во полското гратче Старе Јаблонки.

По поразите од Украина и во шут-аутот од Италија, избраниците на Сашо Србиноски, загубија и од првиот фаворит за златниот медал – Хрватска.

Хрватите славеа во двата сета. Во првиот беа и повеќе од убедливи, 32-17, додека и во вториот немаа тешка задача, 28-17. Најдобар во нашата селекција беше Цветан Кузманоски со 14 поени.

За нашите момци останува да го одиграат уште последниот натпревар од групата против Швајцарија и да разигруваат за пласман потоа.

ЕП ракомет на плажа, група Ц:

1 коло
Хрватска – Швајцарија 2-0 (22-15, 18-14)
Украина – Италија 2-0 (17-12, 23-22)

2 коло
Италија – Хрватска 0-2 (1о-28, 20-30)
Украина – Македонија 2-0 (16-5, 24-12)

3 коло
Италија – Македонија, 2-1 (12-18, 22-13, 7-6)
Швајцарија – Украина, 2-1 (22-23, 17-14, 9-6)

4 коло
Швајцарија – Италија, 3 јули, 11:45 часот
Македонија – Хрватска,  0-2 (17-32, 17-28)

5 коло
Македонија – Швајцарија, 3 јули, 14:45 часот
Хрватска – Украина, 3 јули, 14:45 часот