ЕП ракомет на плажа: Ракометарите загубија од Португалија

Машката репрезентација на Македонија, загуби од Португалија, во последното коло од разигрувањето за пласман од 13 до 20 место на Европското првенство во ракомет на плажа што се одржува во полското гратче Старе Јаблонки.

Португалците го добија убедливо првиот сет со 21-9, додека во вториот нашите момци дадоа посилен отпор, 22-14. Најдобар поединец во македонскиот состав беше Цветан Кузманоски со 13 поени.

По овој пораз,  за машката репрезентација остануваат уште два меча во разигрувањето за пласман од 17 до 20 место во текот на следните два дена.