ЕП ракомет на плажа: Германија покажа моќ против Македонија

Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го забележа и вториот пораз на Европското првенство што се одржува во полското гратче Старе Јаблонки.

По убедливиот пораз од Русија во првото коло, избраничките на Сашо Србиноски одиграа слично и на дуелот против Германија.

Ривалот го доби првиот сет со убедлив резултат, 26-8, а во вториот нашите ракометарки постигнаа уште некој погодок плус.

По овие два високи порази, јасно е дека ќе разигруваме за пласман и за избегнување на дното.

ЕП во ракомет на плажа, група Д:

1 коло:
Данска – Украина 2-0 (15-14, 22-18)
Русија – Германија 1-2 (16-20, 18-16, 6-10)

2 коло:
Германија – Данска 1-2 (16-8, 16-21, 4-8)
Русија – Македонија 2-0 (24-11, 16-0)

3 коло:
Германија – Македонија 2-0 (26-8, 27-12)
Украина – Русија, 2 јули, 15:45 часот

4 коло:
Украина – Германија, 3 јули, 10:15 часот
Македонија – Данска, 3 јули, 10:15 часот

5 коло:
Македонија – Украина, 3 јули, 13:15 часот
Данска – Русија, 3 јули, 13:15 часот