ЕП за јуниори ( Австрија): На победа против Норвешка, за трето место во групата

Македонската машка јуниорска репрезентација денеска од 18:00 часот против Норвешка го игра третиот и последен натпревар од првиот дел на групната фаза на ЕП за јуниори во Австрија. По првите два порази од селекциите на Шпанија и Франција, јуниорите се надеваат на првата победа против селекцијата на Норвешка.

Норвежаните не се на нивото на Шпанија па и Франција, но знаат да бидат доста негодни демонстрирајки го тоа во второто коло кога успеаа да ја совладаат Шпанија. Тоа доволно говори дека нашите јуниори нема да имаат нималку лесна задача да стигнат до првата победа на ЕП.

Во првиот денешен натпревар во нашата група, репрезентацијата на Шпанија ја совлада Франција со убедливи 35-26.