ЕП за кадети ( Полска): Против Србија ја бркаме првата победа

По завршувањето на групната фаза од ЕП во кадетска конкуренција, во која македонската репрезентација заврши со скор од три порази од три одиграни натпревари, следува борбата за пласман од 9 до 16 позиција на табелата во која Македонија ќе се обиде да биде што повисоко пласирана.

Борбата за остварувањето на таа мисија започнува денеска од 13:00 часот против селекцијата на Србија. Тоа е репрезентација со која нашите репрезентативци можат да се надигруваат, а за тоа говорат и двата пријателски натпревари кои ги имаме одиграно со Србија во кои имаме скор од една победа и еден пораз.

Репрезентацијата на Србија исто така нема некој забележителни резултати на ова првенство. Нерешено со Швајцарија, и два порази од Исланд и Шведска е билансот на нашиот северен сосед. И двете репрезентации влегуваат во овој натпревар со желба за победа, но на крајот се надеваме дека сепак нашата репрезентација ќе ја забележи првата победа на ЕП во Полска.