ЕП во ракомет на песок: Двоен пораз во исто време од Словенија

Двете репрезентации на Македонија кои се Европското првенство на ракомет на плажа утре ќе играат за пласман за 19. место откако денеска претрпеа порази од Словенија. И во двете конкуренции противникот беше подобар со 2:0 така што немаше простор за нешто повеќе.

Дамите влегоа со нешто повеќе шанси и имаа игра, но не и добра завршница. Не успеаја да се снајдат, па првиот сет го загубија со 10:13, а вториот со 9:15. Утре противник на Македонија ќе биде селекцијата на Кипар во мечот за 19. место и тука се очекува победа.

Кај мажите ситуацијата беше нешто поинаква во однос на поените. Имаше многу повеќе, а Словенците исто така беа подобри во двата сета. Првиот заврши со 21:29, а вториот со 22:27. Противник на Македонија во последниот меч на Европското првенство ќе биде селекцијата на Црна Гора.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ НА ПЕСОК

МАЖИ

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА   0:2 (21:29, 22:27)

Кузмановски 21, Крстаноски 5, Алушовски 2, Трајковски 2, Колоски 8, Маџовски 1

ЖЕНИ

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА    0:2 (10:13, 9:15)

Маркоска 2, Јанеска 2, Гроздановска 5, Боризовска 8, Дабевска 2

Фото: Урош Хочевар