ЕП во ракомет на песок: Дамите од Македонија ги загубија шансите за висок пласман

Ракометарките кои се дел од репрезентацијата на Македонија во ракомет на песок имаа лошо отворање на шампионатот откако ги загубија првите два меча. Тие беа немоќни и против Русија и против Германија и претрпеа два порази.

Ова беа две тешки средби за отворање, а можеше да се забележи дека подготовките за овој шампионат беа кратки и дека на девојките им треба повеќе време.

После првиот ден во групата каде што е Македонија најмногу покажаа селекциите на Данска и Германија, додека на целиот турнир во женска конкуренција Португалија и Грција исто така демонстрираа дека имаат добри тимови. Не заостануваат многу ниту Норвешка, Холандија, Унгарија, Шпанија… така што утре ќе се види кои тимови ќе се најдат во втората рунда.

Двата порази од Русија и Германија ја oтежнаа работата на Македонија и најверојатно ќе мора девојките да се задоволат со пласман за бегство од дното на шампионатот.

ЕП ВО РАКОМЕТ НА ПЕСОК

ЖЕНИ

ГРУПА А

1.КОЛО

НОРВЕШКА – ХРВАТСКА           2:0 (19:18, 24:12)

ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА         2:0 (24:10, 28:16)

2.КОЛО

РОМАНИЈА – НОРВЕШКА           0:2 (12:22, 10:24)

ХОЛАНДИЈА – ТУРЦИЈА 2:0 (27:18, 26:13)

3.КОЛО

РОМАНИЈА – ТУРЦИЈА    1:2 (9:18, 16:12, 12:13)

ХРВАТСКА – ХОЛАНДИЈА         2:1 (20:19, 12:13, 7:6)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (89:52, -1 меч); 2. Холандија 4 (143:96); 3. Хрватска 2 (69:81, -1 меч); 4. Турција 2 (74:90, -1 меч); 5. Романија 0 (85:141).

ГРУПА Б

1.КОЛО

ПОЛСКА – УНГАРИЈА      0:2 (10:15, 16:16)

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА     0:2 (15:17, 13:14)

2.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – ПОЛСКА          2:1 (24:18, 20:22, 6:4)

ФРАНЦИЈА – КИПАР        2:0 (16:4, 23:6)

3.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – КИПАР 2:0 (24:8, 14:7)

УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА 2:0 (18:17, 20:18)

ТАБЕЛА: 1. Португалија 6 бода (119:87); 2. Унгарија 4 (69:60, -1 меч); 3. Франција 2 (102:79); 4. Полска 0 (69:81, -1 меч); 5. Кипар 0 (25:77).

ГРУПА Ц

1.КОЛО

ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА     2:0 (17:14, 21:16)

ГРЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА  2:0 (24:14, 27:18)

2.КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – ШПАНИЈА         0:2 (14:23, 12:21)

ГРЦИЈА – СЛОВЕНИЈА     2:0 (16:9, 22:4)

3.КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА     2:0 (17:14, 23:14)

ИТАЛИЈА – ГРЦИЈА           0:2 (16:28, 10:13)

ТАБЕЛА: 1. Грција 6 бода (130:72); 2. Шпанија 4 (82:56, -1 меч); 3. Швајцарија 2 (99:123); 4. Италија 0 (56:79, -1 меч); 5. Словенија 0 (41:78, -1 меч).

ГРУПА Д

1.КОЛО

ДАНСКА – УКРАИНА       2:0 (15:14, 22:18)

РУСИЈА – ГЕРМАНИЈА     1:2 (16:20, 18:16, 6:10)

2.КОЛО

ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА   1:2 (16:8, 16:21, 4:8)

РУСИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0 (24:11, 16:0)

Маркоска 8, Боризовска 2, Гроздановска 1

3.КОЛО

ГЕРМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА    2:0 (26:8, 27:12)

Јанеска 6, Маркоска 6, Боризовска 4, Гроздановска 4

УКРАИНА – РУСИЈА         2:1 (25:20, 14:18, 10:4)

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (74:68, -1 меч); 2. Германија 4 (135:97); 3. Русија 2 (121:106); 4. Украина 2 (81:78); 5. Македонија 0 (31:93).