ЕПСКА БИТКА: Парондо против Пасквал или Крал Леонид против Александар Македонски

Четири екипи предводени од шпански тренери ќе настапат на завршниот турнир во „Ланксес Арена“ во Келн. Рускиот портал „Брз Центар“, направи интересна сторија за сите тренери и го спореди со антички ликови од светската историја, но поврзано со актуелната состојба во сите клубови.

Роберто Гарсија Парондо е копија на Крал Леонид, владетелот на Спарта во периодот од 489 до 480 година п.н.е. Парондо како и Леонид е напуштен од поранешните пријатели, се алудира на заминувањето на Борозан, оставен сам на себе со големи проблем, се алудира на голем период без плата, но и покрај тоа не ја загуби гордоста и достоинството, па полн со самодоверба се подготвува за последната битка. Вардарци, како и „спартанците“ не знаат за зборот „капитулација“, туку храбро ќе влезат во секоја битка без разлика на противникот. А сепак доколку загубат, тоа ќе биде пораз во голема борба до последната капка пот.

Вардар ќе игра против Барселона во полуфиналната пресметка од 18:00 часот, а ривалот на Парондо од другата страна – Чави Паскавал е претставен како Александар Македонски.

Чави, исто како и Александар Македонски раководи со најмоќната „армија“ во светот, но колегите од рускиот портал, се потсетуваат на неговиот тежок пораз на реката Хидасп, кога бил изненаден од индискиот крал Пор, кој употребил „слонови“ во борбата крај реката. Пасквал мора да биде внимателен, за да не му се повтори историјата и поразот, бидејќи храбриот Парондо, односно Леонид може да извлече некаков адут како оној на Пор, на пример Дисингер.

Полуфиналната пресметка меѓу Вардар и Барселона започува во 18:00 часот во „Ланксес Арена“.