Емотивно гостување на Загреб во Скопје: Вујо повторно меѓу „црвено-црните“ за последен пат во Кале

Во рамките на петтото коло од СЕХА лигата, хрватскиот шампион, ППД Загреб предводен од Веселин Вујовиќ, гостуваше за последен пат во СРЦ „Кале“ кај македонскиот вице-првак Вардар.

Дербито на петтото коло помина во знакот на повторната средба на легендарниот вардаров тренер Веселин Вујовиќ со своите „комити“. Многу емоции и почит пред стартот на натпреварот за човекот кој знаеше да ги цени „црвено-црните“ бои дури и во најтешките мометни за клубот.

Почетокот на мечот најави интересен натпревар за што се погрижија Степанчиќ и Шушња, но тоа беше единственото водство на гостите. Со серија од 5-0 „црвено-црните“ се погрижија за сигурна завршница на натпреварот. Победникот во текот на целиот натпревар не беше доведен во прашање, Шишкарев во средината на првиот дел ги постави највисоките 16-10, а до крајот Загреб намали на 19-16. По првите триесет минути Вардар имаше 3 голови предност.

Вториот дел најави нови возбудувања по одличната серија на гостите, кои се доближија на два гола негатива на почетокот на првиот дел 19-17, 26-24 и за последен пат на минута пред крај на натпреварот, 31-29. Тоа беше се што може да направат гостинските ракометари. На крај 32-29 за „црвено-црните“ и нови бодови во СЕХА лигата пред новиот предизвик со Раднички и Татран на 22 односно 25 октомври.

[Best_Wordpress_Gallery id=”3″ gal_title=”vujo evocija”]