„Ел команданте“ ги собра „лавовите“ – стартува нова мисија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Селекторот на машката ракометна репррзентација Раул Гонзалес ги собра репрезентативците и означи старт на подготовките за новата мисија – пласман на Европското првенство, кое во 2020 година ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.

На скратениот список шпанскиот стратег стави 20 ракометари, од кои ќе се бараат 16, што ќе бидат во ростерот за првите два меча од квалификациите за ЕП. На првиот собир денеска беа присутни сите повикани ракометари освен Филип Талески, кој ќе се приклучи утре.

Првиот натпревар нашите ракометари го играат в четврток во Битола против Турција, додека вториот против Грција се игра в недела во Кожани.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”361″]