Ели Пинедо му кажа збогум на ракометот!

35-годишната Ели Пинедо, една од најдобрите шпански ракометарки стави крај на кариерата. Освојувачката на сребрен медал од Европското првенство во 2014 година на ОИ во Рио ги одигра последните мечеви во богатата кариера, како на репрезентативен, така и на клупски план.

На националниот тим на Шпанија, како и на нејзиниот тим Бера Бера, ќе им недостигаат нејзините голови, но уште повеќе ќе им недостигаат нејзините лидерски способности и инспирација. Пинедо е вистински пример што значи да се биде воин на терен, по што го доби и нејзиниот прекар „герера“ (воин).

„Уште од поодамна умот ми „велеше“ да се повлечам. Доколку тоа ми го „кажеше“ телото, ќе продолжев да играм. Сакав да се повлечам додека го играм најдобриот ракомет.“ – објасни Пинедо.