Елена Ѓоргиевска со Баја Маре го освои четвртиот турнир

Екипата на Баја Маре продолжува со импресивните настапи во подготвителниот период. Клубот учествуваше на четири ракометни турнири, и на сите си замина без пораз освојувајки го златниот медал. По освојувањето на турнирот во Михаловце, Брашов и Букурешт, дрим-тимот на Баја Маре ја освои и Будимпешта, и уште еднаш покажа дека се наметнува како сериозен кандидат за учество во самата завршница на Лигата на шампионите.

Во финалето од ракометниот турнир во Будимпешта, противник на Баја Маре беше домашната екипа ФТЦ . Натпреварот заврши со резултат 28:31(14-12) во корист на Баја Маре. Во натпреварот за третото место, втората унгарска екипа Шиофок беше убедлива против српскиот шампион ЖРК Раднички Крагуевац со високи 37:25(19-12).

Нашата репрезентативка Елена Ѓоргиевска се покажа во добро светло. На првиот натпревар против Раднички Крагуевац беше стрелец на четири голови, а против унгарската екипа Шиофок постигна еден гол. Во финалето против ФТЦ, Ѓоргиевска беше стрелец на три голови.

Резултати од турнирот во Будимпешта

ФТЦ – Шиофок 31:30 ( 18-14)

Баја Маре – Раднички Крагуевац 30:22 ( 18-10)

Шиофок – Баја Маре 26:31 ( 14-18)

ФТЦ – Раднички Крагуевац 36:26 ( 18-14)