Елена Геогиевска со нов тренер: Тоне Тисељ е нов тренер на Баја Маре

Романската екипа Баја Маре продолжува со создавање на квалитетна екипа која ќе има високи амбиции во Лигата на шампионите. Словенецот Тоне Тисељ е човекот на кој му е дадена довербата да го води овој проект. Тој потпиша договор на две и пол години и ќе остане во Романија до летото 2017. Тисељ е големо тренерско име, со екипата на Крим ја има освоено Лигата на шампионите, а беше предводник и на Словенската машка ракометна репрезентација на ЕП 2004 успевајќи да и го донесе сребрениот медал.
Во екипата на Баја Маре настапува македонската репрезентативка Елена Геогиевска, а за силината на оваа екипа говорат и имињата на романската репрезентативна голманка Унгуреану, Елисеи, бразилките До Насименто и Арехнарт, Камила Херем, Макеева, Давиденко.