Експресно најдена замена за Петровиќ: Дејан Гошевски потпиша за Охрид

Десниот бек Дејан Гошевски потпиша договор на една година со тимот на Охрид и ќе ја пополни празнината на десната страна, откако Србинот Лазар Петровиќ неочекувано замина во шведскиот Варберг.

Гошевски во минатата сезона беше дел од составот на Металург 2 и имаше одлична сезона во прволигашката конкуренција, откако со тимот од Автокоманда обезбеди место во Суперлигата, но сепак замина заедно со тренерот Стојановиќ во Охрид.

Охриѓани во преодниот рок се засилија со голманот Никола Даниловски и пивотменот Кристијан Анастасовски, а ги продолжија договорите со Јагош Брауновиќ, Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и Бобан Блажески.

Фото: ohridnews.com