“Експертска” лекција за Катар

Европскиот, светскиот и олимписки првак Франција ја покажа својата моќ против светскиот вицепрвак Катар.

Високите 15 голови разлика само ја покажаа разликата во класи на двата тима. Катарците имаа сили за едно полувреме по кое заминаа со три погодоци негатива 13-16.

Добрата игра на Капоте и расположениот Шариќ даваа надеж дека во продолжение Катар може повеќе.Сепак Франција ја покажа реалната слика во овој момент. Со серија голови, Франција до 45та минута дојде до првата двоцифрена предност од 16-26. Во исто темпо продолжи натпреварот, популарните “експерти” ја контролираа играта и на крајот завршија со високи 20-35.

Лук Абало со седум голови ја предводеше листата стрелци, по него Карабатиќ постигна пет, а Гигу и Сорендо постигнаа по четири. Во поразениот тим, Марковиќ Багариќ и Капоте беа прецизни по четири пати, недоволно да се избегне високиот пораз.