Екипата на Никола Митрески со убедлива победа до борба за трето место

По почетниот пораз од Сесон Ренс, португалскиот претставник Бенфика ја совлада екипата на Ал Замалек, но тоа беше доволно само за второто место во групата кое вреди шанса за бронза на интернационалниот турнир „Струга 2015“.
По почетните 10 минути во кои двете екипи постигнаа по пет погодоци, прва до водство стигна Египќаните кои преку Абду и Шехиб имаа предност од два гола 5-7, а веќе во 13-та ја создадоа највисоката предност на натпреварот од три голови. Дваесет минути и беа потребни на Бенфика преку Мореира најпрво да го изедначи натпреварот, а веднаш потоа и да го превземе водството. По првите триесет минути Бенфика имаше два гола предност 19-17.
Во вториот дел Бенфика целосно ја имаше контролата над играта и резултатот, Паиз и Фортез ги постигнаа првите два гола по паузата. Иако ракометарите на Ал Замалек се заканија во 39-та минута и го намалија резултатот на 22-21, португалскиот состав предводен од искусниот шпански стратег Мариано Ортега веќе во 43-та минута имаше шест голови предност 27-21. Највисоката предност Бенфика ја имаше на пет минути пред крај, а резултатот гласеше 31-24. Високата предност ги одведе соиграчите на Никола Митрески до прва победа на „Струга 2015“.По шеесет одиграни минути Бенфика победи со резултат 34-28.

БЕНФИКА 34-28 АЛ ЗАМАЛЕК (19-17)

Стрелци:

Бенфика: Бораган 6, Суарез 1, Переира 2, Паиз 2,Фреитаз1,Мореира 6, Морено 2,Де Силва  2,Аранда 1,Семедо 4, Фортес 5, Вргоч 2; Фигуреира 5 одбрани, Митрески 6 одбрани

Ал Замалек:Шехиб 4,Абдо 3, Јасин 2, Абделвахаб 3, Елахмер 14, Абделсалам 2; Марксуд 6,Хендвај 7