Екдал Ду Риц се откажува од националниот тим на Шведска

25 годишниот шведски репрезентативец Екдал Ду Риц ќе и стави крај на својата репрезентативна кариера. Членот на Рајн Некар Ловен, кој со својот тим игра тешки натпревари во Бундеслигата и ЛШ за сајтот на шведската ракометна федерација изјави:

Имам голем проблем со колената и немам доволно мотивација бидејќи не можам да дадам 100% од своите можности. Тетивата на коленото е под постојан стрес и имам големи болки. Тоа не беше лесна одлука.

Селекторот на Шведска, Стафан Олсон жали за оваа одлука за според него еден од најдобрите светски ракометари и смета дека ова е чекор назад за Шведската репрезентација:

Според мене Ким е играч кој може да биде еден од најдобрите во светот.

-изјави Олсон.

Имам голем респект за Стафан Олсон и Ола Линдгрен, и ми беше доста тешко да ја донесам оваа одлука. Но доста е напорно кога настапуваш на три фронта. Секој слободен ден е голем плус за моето тело.

– вели Екдал Ду Риц.