Едуарда Аморим успешно оперирана (ФОТО)

Бразилската репрезентативка и ракометарка на европскиот шампион Ѓер објави дека имаше успешна операција по повредата која ја заработи настапувајќи за својата репрезентација на натпреварот против Тунис. На тој натпревар настрадаа предните вкрстени лигаменти на бразилката по што мораше да оди на итна операција. Таа веќе се наоѓа во својот дом каде треба да го започне процесот на рехабилитација. За ваква повреда е предвидена пауза од најмалку шест месеци, со што европскиот првак Ѓер нема да може да смета на услугите на една од своите најдобри ракометарки до крајот на сезоната. Покрај Аморим на листата на повредени ракометарки во екипата на Ѓер се наоѓаат и Сузан Милер и Орбан. Ако на тоа ги додадеме и Анита Горбиц и Катрине Лунде кои паузираат поради бременост се чини дека европскиот шампион ќе има тешка задача да го одбрани шампионскиот пехар оваа сезона.

Eduarda

фото: facebook/Eduarda Amorim Oficial