Едуарда Аморим: Во Македонија станав вистински професионален играч

Поголемиот дел од минатата сезона, Едуарда Аморим ја проследи на трибините поради тешката повреда на коленото. Неколкуте повреди кои ги имаше во текот на кариерата не беа пречка за една од најголемите ѕведи на денешницата да се стекне со бројни успеси вклучувајќи и две победи во Лигата на Шампионите како и да го понесе признанието за најдобар играч на светот во 2014 година според ИХФ.

Колку е тешко за еден играч да се врати на терен после тешка повреда, кој клуб одиграл најголемо значење во нејзината кариера како и очекувањата од оваа сезона можете да ги прочитате во интервјуто подолу.

Поради повреда го пропуштивте поголемиот дел од минатата сезона. Колку ја следевте вашата екипа во овој период?

Бидејќи бев фокусирана на мојата рехабилитација, ја гледав мојата екипа само во Лигата на шампионите. Ми беше жал за мојот состав бидејќи не успеаа да се пласираат во полуфиналето. Знам дека работеа многу повеќе поради бременоста на Гербиц и повредените играчи и мислам дека заслужија да играат на финалниот турнир. Но, сето ова е веќе во минатото и сега е време за нова фаза за мене и за клубот.

-Како Би беше тешко да се вратите на теренот после тешката повреда?

Сè уште е тешко, но веќе се навикнав на ваквите работи поради повредите кои ги имав во минатото. Знам дека работите нема да се променат во еден ден, па затоа се работи полека и трпеливо и се надевам дека полека ќе ја подобрувам мојата форма.

EHFcl(z)-ZrkVardar-Gyor-5733

-Минатата сезона беше многу тешка за Ѓер поради многу причини. Дали мислите дека резултатот кој што го постигна Ѓер е реален?

Како што напоменав претходно, мислам дека Ѓер заслужи да игра во полуфиналето. Но Вардар беше подобар во првиот натпревар и се прикажа одлично и на вториот дуел, не давајќи им шанса на моите соиграчи од Ѓер.

– Поминавте три години во Скопје во составот на Кометал ЃП. Што е најважното нешто што го научичивте од овој клуб?

За мене Кометал беше сосема ново искуство. Во Скопје станав вистински професионален играч. Во Бразил немавме многу тренинзи и натпревари како тука во Европа. Исто така, успеав брзо да се прилагодам на местото и  култрата за побрзо да се почуствувам удобно во новата средина и да прикажам добар натпревари.

-Колкаво вилијание имаше вашата сестра Ана Аморим во  вашиот личен развој како играч?

Ана одигра важна улога во мојот живот само во почетокот на мојата кариера. Таа ги отвори вратите за мене и од Сао Паоло во Бразил ми помогна многу во Македонија со јазикот, и со се останато. По одреден период таа се пресели и продолжи со својот живот и од тогаш мојот сопруг ми е најголемата поддршка за се што правам во животот.

EHFcl(z)-ZrkVardar-Gyor-5724

-Во што е разликата помеѓу бразилскиот и европскиот ракомет?

Разлика има во сè. Во Бразил односнот кон ракометот не и ист. Играчите играат во некој клуб но исто така треба да работат затоа што не заработуваат доволно за да направат добра кариера само од ракометот. Има помалку тимови, натпревари и тренинзи. Домашниот шампионат не е толку добро организиран. Жалосно е што дури и резултатите на репрезентацијата не ја подобрија ситуацијата на ракометот во мојата земја.

-Со неколку трансфери оваа сезона, многумина го сместуваат Ѓер помеѓу најдобрите тимови во Европа. Што мислите Вие за ова?

Верувам дека сме еден од најдобрите тимови. Играчите имаат добар менталитет и работиме на добар начин. Се се одвива добро во тимот. Мислам дека е само прашање на време кога ние играчите ќе се навикнеме едни на други и ќе прикажеме одлична игра.

-Имате богата кариера позади себе, кои се Вашите цели за во иднина?

Сеуште сакам да освојувам нови титули. Имам голема мотивација и сакам  да го направам максимумот во мојата кариера и да победувам колку што е можно повеќе. Во овој момент сакам да успеам постепено да се вратам во форма, а подоцна да му помогнам на мојот клуб и мојата репрезентација да ги постигнат своите цели во Лигата на Шампионите, Светското првенство како и Олимписките игри.


Англиската верзија е достапна на europamester.dk