Едни отидоа, други дојдоа: Нови странци на проба во Еурофарм Работник

Откако го промовира најновото засилување Лазо Мајнов, а се ослободи од српските интернационалци Милан Филиќ и Милоје Долиќ, составот на Еурофарм Работник, донесе две нови интернационални засилувања кои извесен период ќе бидат на проба, пред да потпишат договори.

Станува збор за францускиот бек Даниел Риве, кој и лани настапуваше за тогашниот ХЈС во Првата лига, но ќе треба дополнително да ги убеди челниците да му понудат нов договор, како и за бугарскиот интернационалец Добрин Тунтев, кој игра на лев и среден бек, а е познат за ракометната јавност, бидејќи беше дел од тимот на тогашен Зомимак.

Колку овие ракометари ќе му помогнат на сегашниот состав на Еурофарм Работник во борбата за висок пласман е дискутабилно, но се повеќе станува јасно дека помладиот битолски суперлигаш не сака да игра епизодна улога во македонскиот ракомет.