Една слика илјада емоции (ФОТО)

Ракометарот кој пред Ф4 турнирот во Брест најави дека сака да се прости со СЕХА и со Вардар со трофеј, Игор Карачиќ денеска го одигра своето седмо финале, со што ќе остане запишан на списокот за историја во СЕХА.

Тој дојде во Вардар уште во времето кога спонзор беше Михајло Михајловски, а претседателот на регионалното натпреварување му честита на Карачиќ за новиот трофеј.

Хрватскиот репрезентативец го крена новиот пехар, а за тоа доби „дозвола“ од капитенот Стоилов, кој најави дека токму средниот бек ќе го прави тоа до крајот на сезоната.