ЕДНА ОД НАЈАТРАКТИВНИТЕ РАКОМЕТАРКИ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ ПОТПИША ЗА МАРИБОР БРАНИК (ФОТО)

Хрватската ракометарка, Риа Хачек (20) е ново засилување за Словенечкиот ракометен клуб Марибор Браник. Една од најатрактивните ракометарки на овие простори по неколку години настап во ракометниот клуб Кока од Вараждин се реши за нов предизвик во кариерата потпишувајки едногодишен договор со словенечката екипа.
Хацек е позната и како репрезентативка на Хрватска во ракомет на плажа и една од најатрактивните ракометарки на ЕП кое ова лето се одржа на Лорет Де Мар.

РИА ХАЧЕК:

После неколку години во ЖРК Кока, решив да ја променам средината и се одлучив да заминам во Словенија. Марибор е млада и перспективна екипа со одличен тренер и управа, и многу сум задоволна што направив интернационален трансфер.Впечатоците за новиот тим се прекрасни и едвај чекам да настапувам за мојот нов клуб.

– заврши младата Вараждинка.

FLP_1948
Риа Хачек на Европското Првенство во ракомет на плажа во Лорет Де Мар (Шпанија)