Еден тон шампањско во соблекувалната: Мешков старо – нов шампион на Белорусија (ВИДЕО)

Екипата на Мешков Брест ја освои 11-та титула во домашниот шампионат. Без поголеми проблеми, тимот предводен од Раул Алонсо ја совлада Машека Могилев со 49:23 со што стигна до трофејот на седум кола до крајот на првенството.

Се знаеше кој е голем фаворит и кој ќе стигне до триумфот. Мешков Брест немаше милост, поведувајќи во првиот дел со високи 22:11. До крајот само рутиска задача за старо – новиот шампион на Белорусија.

Максим Баранов беше најдбар стрелец со девет голови. До крајот во ова натпреварување преостануваат уште седум кола, а тимот кој се натпреварува во СЕХА и во Лигата на шампионите е прв со 50 поени, додека второпласираниот СКА Минск има 15 бода помалку.