Еден од најголемите ракометни таленти пристигнува во Барселона!

Ракометниот клуб Барселона размислува на долги патеки а доказ за тоа е најновата аквизиција на позицијата десен бек.По заминувањето на Гурбиндо и Копљар, каталонците потпишаа договор на шест години со еден од најголемите ракометни таленти, французинот Дика Мем (19),кој ќе настапува во тандем со Кирил Лазаров.

Дика Мем е член на француската репрезентација до 19 години со која минатата година на СП во Русија успеа да го освои златниот медал, а во Барселона пристигнува од екипата на Трембле. Третото место на најдобри стрелци во Француското првенство со вкупно 93 гола е потврда за квалитетот и голгетерските способности на младиот французин.

По заминувањето на Гурбиндо и Копљар останува простор за Мем покрај нашиот Кирил Лазаров да ги покаже своите квалитетите, за во иднина да се наметне на десната бековска позиција во еден од најдобрите светски клубови.