ЕДЕН ОД ИГРАЧИТЕ НА ВАРДАР НЕМА ДА ДОЈДЕ НА ПРОСЛАВАТА ВО СКОПЈЕ!

Ракометарите на Вардар денеска се враќаат во Скопје како европски шампиони, откако по вторпат во три години ја освоија титулата во елитната конкуренција – Лигата на шампионите.

Но, еден од играчите што веќе нема да го носи вардаровиот дрес, нема да се врати на прославата во Скопје.

Станува збор за пивотменот Рожерио Мораес, чија сопруга е Германка, па ќе остане уште неколку дена во оваа земја, пред да замине на одмор во Бразил.

Сите останати ракометари се очекува да се вратат во македонската престолнина.