Еден куп изненадувања: „Македонските“ екипи во Романија само со една победа

Ако се суди барем според првите неколку кола во романскиот шампионат, може да се констатира дека секој може да победи секого, бидејќи засега само актуелниот првак, Динамо Букрешт има максимален учинок од 6 победи.

Од екипите каде што играат македонски интернационалци само ЧСМ Букурешт победи на гости против Јаши со 25:28, а Гоце Георгиевски даде 8 голови и беше најдобар стрелец. Одорхеи на Горан Кузмановски одигра само 24:24 против Калараши, а средниот бек даде 1 гол.

Констанца на Никола Митревски и Велко Марковски, изненадувачки загуби на гостувањето кај слабиот Фочани со 21:19, додека Темишвар каде што игра Златко Даскаловски одигра нерешено кај Стеауа, 25:25.