Европските шампиони едвај со Швајцарија, Шведска сигурна во Словачка

Актуелниот европски првак Германија славеше минимално на гостувањето кај Швајцарија со 23:22, во натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенствто во Хрватска за две години.

Во Цирих пред околу 11.000 гледачи, Швајцарија поведе со 22:21 во 55 минута и беше на само пет минути од голема победа, која ќе одекнеше низ Европа. Но Германците не би биле шампиони да не играат до крајот. Прво Генсхајмер погоди за 22:22, а во 59 минута Вајнхолд стрелаше за 23:22, иако Швајцарците го имаа послдедниот напад, но не успеаја да погодат. Најдобар стрелец кај Германија беше Вајхолд со 5 голови, а исто толку за домашната репрезентација даде Енди Шмид.

Шведска мина лесно на гостувањето кај Словачка и славеше со 21:17. Се истакнаа Екберг и Готфридсон со по 5 голови, Нилсон даде 3, додека кај домашните предничеше ветеранот Антл со 9 голови.

Шпанија стигна до вториот триумф во групата, откако најмногу по заслуга на Душебаев кој беше најдобар со 7 голови, победија на гостувањето кај Финска со 36:21.