Европските првенки преку Германија по старите патеки

Недостаток на ефикасноста во нападот ја елеминираше репрезентација на Германија во 1/8 финалето по поразот 22:28 (10:15) доживеан од страна на европските првенки – Норвешка.

Лошиот старт на Германија предводена од Сузан Милер значеше добар почеток на Кари Гримсбо на спротивната страна и погодок на Хејди Локе за 2-0 на Норвешка. Изедначувањето на реултатот беше само на момент кон средината на првиот дел за веднаш норвешкиот напад преку Херем и Локе повторно да ги земе работите во свои раце (9-7). До крајот на првиот дел Норвешка дополнително ја зголеми разликата и отиде на пауза со (15-10).

Бројките за ефиканоста во нападот 52 % наспоротив 38 % за Германија не се променија ниту по стартот на вториот дел. Погодоците на најефикасните на страната на Германија – Шмитс (7) и Мулер (7) не беа доволни за да ја намалат разликата во вториот дел па така Норвежанките сигурно го завршија натпреварот во своја полза (28-22).

Составот на Европскиот првак – Норвешка ја имаше и најефиксната ракометарка на теренот – Хејди Локе со 9 погодоци. Втор стрелец во репрезентацијата на Норвешка беше Стине Офтедал Бредал со 5 погодоци.