Европскиот шампион ќе се гледа на националниот сервис: МТВ блиску до Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар во новата сезона ќе ја бранат титулата освоена во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019, а годинава ќе биде далеку потешко од лани. Новата сезона стартува на 14 септември кога вардарци гостуваат во Франција кај тимот на Монпелје исто како и во ланскиот шампионат.

Годинава се чини ќе има една измена. Натпреварите од Лигата на шампионите на кои ќе игра тимот на Вардар ќе се гледаат на националниот сервис. МТВ е блиску до договор за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите.

Засега од МТВ нема ниту потврда ниту демантирање околу тоа каде ќе одат овие натпревари во пренос, но голема е веројатноста после една година пауза одново да се следат средбите од Лигата на шампионите на МТВ. Ова значи дека покрај СЕХА, европскиот и македонски шампион Вардар и вицешампионот на Македонија, Еурофарм Работник и на средбите од Лигата на шампионите ќе бидат следени на МТВ.

Ова ќе биде доста интересна сезона на која ќе има што да се види на натпреварите на тимовите од Скопје и од Битола и дефинитивно следуваат многу нови и интересни натпревари.