Европскиот шампион ја “лапна” Пино: Французинката потпиша за Ѓер!

Алисон Пино многу брзо по раскинувањето на договорот со ЖРК Вардар си пронајде нов клуб. Актуелниот европски шапион Ѓер токму во Алисон Пино ја гледа замената за Анита Горбиц која поради бременост ќе ја пропушти оваа сезона. Пино пред неколку дена спогодбено го раскина договорот со ЖРК Вардар а со екипата на Ѓер потпиша договор на две години. Сепак Ѓер ќе треба да почека одредено време за да ја има Пино во составот бидејќи француската репрезентативка е во рехабилитациски процес по неодамнешната операција.