Европскиот ракометен крем далеку од македонските кадетки!

Нов дебакл на македонската женска кадетска репрезентација. По три одиграни натпревари на Европското првенство за ракометарки до 17 години, Македонија со пораз од Чешка се збогуваше со последните надежи за пласман на среднината на табелата.
Младите македонски таленти со високи 23-39 загубија во последниот натпревар за подобар пласман меѓу двете екипи кои немаа победа, и завршија на последното место во група А без ниту еден освоен бод и гол разлика од -43. Освен почетните минути кога по првите пет голови на обете страни резултатот беше изедначен, Македонија веќе на средината на првиот дел го загуби натпреварот, а по првото полувреме заостануваше девет голови, 12-21. Репрезентативките на Чешка имаа предност и од 16 голови на средината на вториот дел, која ја одржаа до крајот за 23-39.
Од групата во која игра Македонија понатаму во главната фаза ќе се натпреваруваат Шведска и Словенија.
Од група Б во главната фаза ќе играат Русија и Романија. Од Ц групата Хрватска и Франција, додека од група Д, понатаму се пласираат Данска и Унгарија.
Македонската селекција ќе се бори за пласман од 9 до 16-то место, а ќе започне во групата 3 со 0 бодови, освен Македонија тука ќе играат Чешка, Германија и Шпанија.ФОТО: www.mk2015.ehf-euro.mk