Европскиот првак се провлече до главната фаза, Ростов пред елиминација

Европскиот првак ЧСМ Букурешт триумфираше на гостувањето кај амбициозниот состав на Ростов Дон со 22:20 и го направи исчекорот со новиот тренер до главната фаза од Лигата на шампионите.

Иако домашните ракометарки водеа со 11:10 на полувреме сепак романскиот покажа зошто е европски првак и славеше со 22:20. За Ростов останува само теорија, но и за таа да биде во игра, рускиот тим треба да победи на гостувањето во Ѓер.

Најдобра во победничкиот состав беше Гулден со 8 голови, додека Мартин даде 6. Во рускиот тим се истакнаа Бобровникова, Илина и Барбоса со по 4.

Фото: Sabin Malisevchi