Европскиот првак остана без тренер: Јакоб Вестергард доби отказ од ЧСМ Букурешт!

По само една победа во групната фаза од Лигата на шампионите, тимот на ЧСМ Букурешт остана без данскиот тренер на клупата, Јакоб Вестергард, кој доби отказ. Европскиот првак го победи само Ростов Дон, а загуби од Митјиланд и два пати од Ѓер, па сега треба да победи на преостанатите два натпревари за да се надева на пласман во главната рунда. Менаџментот на ЧСМ Букурешт реши да не го чека крајот на првата фаза и уште сега реши да му врачи отказ на данскиот тренер.

„Секако дека сум разочаран што заминувам, ова е одличен тим. Имав многу добро искуство овде во Романија и навистина посакувам тимот да се пласира во главната рунда.“ – изјави Вестергард.

Нов тренер на европскиот шампион ќе биде Аурелиан Роска кој претходно беше дел од неуспешниот романски проект Баја Маре.

„Не очекуваат два важни дуели во Лигата на шампионите, но јас верувам во тимот, во искуството на ракометарките и се надевам дека ќе се пласираме во следната фаза.“ – изјави Роска.

Фото:prosport.ro