Европскиот првак Норвешка се доближи до полуфинале

Селекцијата на Норвешка дојде до голема победа на средбата против Шпанија и привремено се најде на врвот во Групата 2 на Европското првенство. Репрезентативките на Норвешка славеа со 33:26 и имаат одлична гол разлика, а доколку на крајот има пет репрезентации со по шест бода што може да се случи тие би успеале да се најдат во полуфиналето.

Шпанија немаше сили за да се спротистави во две полувремиња бидејќи успеа само во првиот дел да биде во конкуренција за победа. Првиот дел од мечот заврши со резултат 18:17 за Норвешка, но потоа следуваше силен удар по што следуваше атак и зголемување на предноста.

Норвежанките успеаја да се изборат за убедлива предност и дојдоа до висока победа на крајот од 33:26 со што привремено се на врвот и ќе биде максимално интересно до крајот на денот.

Прв стрелец на средбата беше Офтедал со осум гола, додека кај Шпанките Лопез имаше пет гола. Двете голманки на Шпанија, Наваро и Кастељанос имаа по осум интервенции, додека кај Норвешка, Катрине Лунде заврши со девет одбрани.