Европскиот првак Вардар доби „ракометна“ лекција од Рајн Некар

Ракометарите на Вардар се поразени и во вториот контролен меч што го играат Во Германија, овојпат од Рајн Некар 34-25 (14-10)

Утре вардарци ќе играат за трето место против домашниот тим на Гумерзбах, кој загуби во првиот полуфинален меч до Флензбург со 20-30.

Поради повреда на средбата ги немаше Страхиња Милиќ, Лука Циндриќ и Владо Недановски. Во текот на целиот натпревар германскиот тим имаше водство, а во 21 минута Вардар последне пат успеа да израмни, 9-9. До крајот на првото полувреме „домашните“ направија серија и заминаа со „плус 4“ за водство 14-10.
Нашиот тим со Рајн Некар ќе игра и во групната фаза од лигата на шампионите.

Лошата серија продолжи и во првите 15 минути кога Рајн Некар брзо ги казни нашите грешки и поведе со 29-17 во 47 минута, што беше и највисоко водство дотогаш. Тоа беше клучниот период после кој беше тешко да се врати Вардар.

Голманот Кизиќ, и младите Ончев и Поповски добија шанса да играат на натпреварот, а Вардар постојано ги разигруваше сите ракометари. Ончев имаше и добра серија од три гола по ред во второто полувреме, а Кизиќ неколку одбрани.

Вуко Борозан беше најефикасен со 8 гола, Македа постигна 6, Карачиќ 5, Ончев 2, а по еден Поповски, Криштопанс, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Шишкарев