Европскиот вицепрвак го зема последен здив пред саботниот скопски пекол (ФОТО)

Унгарскиот шампион пристигна во Скопје и го одработи првиот тренинг пред клучниот прв четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. По 120 минути борба ќе се знае патникот за Келн, а до тогаш престојат првите пеколни 60 минути во „Јане Сандански“.

Вардарци одиграа три СЕХА натпревари против Унгарците и имаат само еден минимален пораз во финалето на регионалното натпреварување. Момир Илиќ беше во составот, го одработи тренингот заедно со својот тим, и најави дека повредата е минато. Момците на Сабате се мотивирани и опуштени пред првото полувреме во Скопје, а какво ќе биде расположението во сабота навечер ќе дознаеме по првиот четвртфинален натпревар кој започнува во 16:00, а ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Како изгледаше првиот тренинг на Веспрем во Скопје пред четвртфиналните дуели можете да погледнете преку моментите доловени на фотографиите подолу.

13062736_10207662916524159_678906972_o

13054868_10153407764551644_723910241_o

13054706_10153407764531644_1341497761_o

13035627_10153407764556644_894037779_o